Објавено на 04.08.2025
Ангажирање на експерт или тим на експерти
За потребите на Проектот „Развој на политики во областа на социјалната заштита, азил и интеграција и вклучување на бегалци и странци„ спроведуван во соработка помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Високиот комесаријат за бегалците (УНХЦР), потребно е да се ангажира експерт или тим на експерти за:
- Изработка на Прирачник за учесници на обуки за меѓусекторско постапување со деца жртви/сведоци и заштита на нивниот најдобар интерес.
За таа цел се распишуваа ОГЛАС за ангажирање на експерт или тим на експерти-Прилог барање бр.10-5731/1 од 04.08.2025 година.
Заинтересираните треба да достават понуда согласно спецификацијата-Прилог 1.
Образец за доставување на понуда - Прилог 2.
Напомена: Лица тековно ангажирани од страна на УНХЦР и/или Министерството за социјална политика, демографија и млади за вршење на анализата не ги исполнуваат критериумите за аплицирање.