Листа на барања и одговори во 2025 година
1. Барање 14-617/1
- Дали се прави означување на соопштенија, видеа, фотографии создадени од службите за односи со јавноста со водени жигови? Мерка од Стратегијата за транспарентност, приоритетна област Активна транспарентност на Владата и другите органи на извршната власт; Доколку да, ве молиме споделете линкови од веста; Одговор:
2. Барање 14-851/1
- Број на лица со телесен инвалидитет кои добиле постојана парична помош (посебно за секоја година: 2020, 2021, 2022, 2023). Одговор
3. Барање 14-852/1
- Како функционира Проектот за подобрување на социјалните услуги кои се неговите цели и дали се исполнети истите? Одговор
4. Барање 14-933/1
- Барам да ми доставите податок за проектиран капацитет за згрижување на деца во јавните детски градинки, односно колку градинки се со капацитет за згрижување до 100 деца, колку со капацитет за згрижување од 101 до 200 деца, од 201 до 300, од 301 до 400, од 401 до 500, од 501 до 600, од 601 до 700, од 701 до 800, од 801 до 900, од 901 до 1000 и над 1000 деца. Одговор:
5. Барање 14-1133/1
- Број на приватни и јавни домови за стари лица на територијата на Општина Карпош? На територијата на Општина Карпош две приватни установи за вонсемејна социјална заштита за стари лица: Одговор:
6. Барање 14-1696/1
- Број на деца Роми вклучени во предучилишно образование во учебната 2024/25 според мерката родители ослободени од партиципација (ве молам наведете ги градинките кои вклучиле деца Роми според оваа мерка) Одговор Прилог 1, Прилог 2, Прилог 3
7. Барање 14-1698/1
- Број на избрани и именувани лица и јавни службеници во вашата институција до ден 31.12.2024 година. Одговор
8. Барање 14-1699/1
- Во периодот 2018-2024 година, колку новорегистрирани случаи на родово базирано и семејно насилство се пријавени во Центрите за социјални работи? Ве молиме наведете ги информациите поделени по пол/род, деца, место на живеење форма на пријавено насилство и поделени по години. Одговор
9. Барање 14-1736/1
- Кога точно завршува мандатот на Младинскиот делегат на Северна Македонија во Обединетите Нации, со оглед на тоа што се приближува кон крајот на втора година од мандатот 2023-2025? Кога ќе има јавен повик за избор на нов делегат? Одговор
10. Барање 14-1841/1
- Имиња и презимиња, како и биографија на шефот на кабинет во Вашето министерство, како и датумот на неговото назначување/стапување на функција. Одговор
11. Барање 14-2820/1
- ,,Дали и колку лични асистенти за деца со попреченост се ангажирани на територијата на Штип, Кочани, Свети Николе и Пробиштип, започнувајќи од 01.01.2025 година)?” Одговор
12. Барање 14-2863/1
- Вкупен број на систематизирани работни места во Секторот за млади: Одговор
13. Барање 14-3052/1
- Дали Министерството има информација за фазата на апликацијата за влез на Македонија во членките – учесник на програмата Citizens, Equality, Rights and Values Programme: https://www.eeas.europa.eu/delegations/north-macedonia/eu%E2%80%99s-citizens-equality-citizens%E2%80%99 en?s=229? Македонија има изразено интерес за учество во програмата. Одговор
14. Барање 14-3205/1
- Pdf формат за сите тековни меморандуми за соработка помеѓу Министерство за социјална политика, демографија и млади и Коалиција Маргини http://coalition.org.mk/, како и помеѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Асоцијација Хера https://hera.org.mk/, и доколку овие организации во 2025 година бие исплатени или треба во наредниот период да бидат исплатени од Министерство за социјална политика, демографија и млади за какви било нивни активности, проекти, ангажмани и сл., да биде наведен датумот кога (ќе) се исплатени, за која активност или проект, и вкупна сума. Одговор
15. Барање 14-3483/1
- Кои се капацитетите на државата за сместување на жени жртви од родово базирано и семејно насилство? Ве молиме наведете подетален опис на сместувачките капацитети, колку време жртвата може да биде таму сместена, каков вид на поддршка добива додека е таму и сл. Одговор
16. Барање 14-3602/1
- Процент и број на вработените во институцијата поделен по етничка припадност. Одговор Прилог 1, Прилог 2
17. Барање 14-3591/1
- Досегашни реализирани активности во врска со дефинираните реформски приоритети нотирани во Стратегијата за човечки капитал во Република Северна Македонија (2024-2030), стр 61-71 Прилог
18. Барање 14-3648/1
- Зошто во Тетово веќе 4 месеци не се дава услугата Персонален асистент на лица со попреченост која до крајот на 2024 г. им беше достапна. Одговор
19. Барање 14-3932/1
- Ве молам да ни доставите број на пријави за родово-базирано насилство и број на пријави за семејно насилство, разделени според тип на насилство, пол, возраст, припадност на етничка заедница, место/општина на живеење за периодот 2023-2024? Одговор
20. Барање 14-3931/1
- Како едно лице со мускулна дистрофија, кое има неопходна потреба од родител или старател, може да ги користи услугите на бањата, имајќи предвид дека овие услуги се од исклучително значење за здравјето и квалитетот на животот на пациентите? Одговор
21. Барање 14-3893/1
- Дали постојат изработени или се во фаза на подготовка решенија за иселување на горенаведените лица од контејнерското сместување во Визбегово? Доколку такви решенија постојат, бараме да ни се достават заверени копии од истите или нацрт-верзиите за секое засегнато семејство, со соодветна заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. Одговор
22. Барање 14-4098/1
- Национална стратегија за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија (2021-2027), во согласност со Акциониот план (2021-2023), содржан во Стратегијата. Одговор