Совет за безбедност и здравје при работа
Советот за безбедност и здравје при работа е експертско советодавно тело од областа, основано од Владата на Република Северна Македонија, во согласност со член 43 и 44 од Законот за безбедност и здравје при работа. Советот го сочинуваат 15 члена, претставници од различни субјекти и заинтересирани страни од областа и тоа:
- 4 члена од репрезентативните организации на работодавачи;
- 4 члена од репрезентативните синдикати;
- 3 члена именувани од Владата на РСМ;
- 1 член – претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на безбедност при работа;
- 1 член –претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на медицина на трудот;
- 1 член – претставник на здружение на стручни лица за безбедност при работа и
- 1 член – претставник на здружение на експерти на медицина на трудот.
Советот за БЗР разгледува и дава мислења и препораки за состојбите во областа на БЗР, стратешки и оперативни документи од областа, за политики за спречување и намалување на повредите на работното место, професионалните болести и други болести и повреди кои се поврзани со работата, за стручните основи за изработка на закони и други прописи за БЗР, за документи на меѓународни организации од областа итн.
| Членови на Совет |
| Работодавачи (ОРМ) |
| Ќире Ицев |
| Даниела Китанова (Потпретседател на Советот) |
| Борка Петровска |
| Тодор Шендов |
| Синдикати (ССМ) |
| Маја Бошковска |
Мемедали Муареми
|
| Иван Пешевски |
| Миќо Стојановски |
| Влада на РСМ |
| Ленче Коцевска |
| Секретар на Советот |
| Тони Војновски |
| Факултет / безбедност при работа |
| Јасмина Чаловска (Претседател на Советот) |
| Факултет / медицина на труд |
| Јордан Минов |
| Здружение на стручни лица за безбедност при работа |
| Благоја Богоевски |
| Здружение на експерти на медицина на трудот |
| Сашо Столески |